TAG Heuer го презентира „TAG Heuer Connected” часовникот

0
1231

Првиот поврзан часовник развиен од швајцарски производител на луксузни часовници, изграден со Intel Inside и поддржан од Android Wear

SAR8A80.FT6045-TH-CONNECTED-2015-HD-2

#ConnectedToEternity

Њујорк, С.А.Д., 9-ти ноември 2015 – Денес, TAG Heuer, Intel Corporation и Google претставија поврзан часовник дизајниран од страна на швајцарскиот производител на луксузни часовници TAG Heuer, развиен со технологија на Интел и користи се што Android Wear универзумот има да понуди.

TAG Heuer поврзаниот часовник со Интел внатре беше промовиран на прес-конференција во симболичната LVMH кула, „домаќин“ на настанот беше Жан-Клод Бивер, извршен директор на TAG Heuer и претседател на дивизијата за часовници на LVMH групацијата, придружуван од Брајан Крзанич, извршен директор на Интел корпорација и Дејвид Синглтон, потпретседател за инжинеринг во Google.

Жан-Клод Бивер изјави: „Ние сме многу горди што го откриваме првиот поврзан часовник, кој цврсто носи над 150 години во иднината. TAG Heuer поврзаниот часовник ви дава можности не само да се поврзете со иднината, туку, да се поврзете со вечноста, исто така.

Брајан Крзанич истакна: „Интел овозможува неверојатни доживувања, со интелигентни и поврзани технологии. Заедно со TAG Heuer и Google направивме прекрасен, интелигентен и функционален производ што ги усогласува најновите иновации од повеќе од еден век искуство во производството на часовници, безвременска естетика и врвен квалитет.

Дејвид Синглтон се согласи: „Од Google Search to smart“ часовници, Google се стреми да ви ја даде вистинската информација, во правилното време и место.Android го овозможува ова искуство на многу уреди. TAG Heuer Connected, поддржан од Android Wear, е луксузен, убав и неверојатно корисен часовник. Ние сме возбудени да го претставиме заедно со TAG Heuerи Intel.”

Што е TAG Heuer Connected часовникот?

TAG Heuer Connected Watch со Intel Inside е луксузен часовник кој е производ на 150 години искуство и швајцарска експертиза, умешност и наследство култивирано од страна на TAG Heuer, производител на часовници од La Chaux-de-Fonds, што е лулка на производството на швајцарски часовници и место на UNESCO World Heritage, поставено на 1000 метри надморска височина, во средината на алпските пасишта и планини.

Овде, уште од 18-тиот век, производителите на часовници (кои во лето работат како фармери), ги поминуваат зимите во нивните работилници, правејќи неверојатни часовници, со кои е изградена уникатната репутација и извонредна слика за квалитетот и ексклузивноста што ја уживаат швајцарските часовници ширум светот. За повеќе од 150 години, TAG Heuer развива и произведува елегантни спортски часовници во градот, вклучувајќи некој од најточните хронографи произведени од индустријата за часовници во Швајцарија.

46 милиметри во дијаметар, дизајнот на TAG Heuer Connected е првенствено оној на вистински хронограф, со куќиште, позадина и изработка од титаниум (2), современ материјал што му овозможува на часовникот да биде полесен и поиздржлив за удари од традиционалните материјали како челик или злато. Надополнет од црно гумено ремче (шест други бои – црвена, сина, бела, портокалова, зелена и жолта – се достапни, посебно во продажба). Цената е одредена на 1500 долари, 1350 евра, 1400 швајцарски франци, 1100 британски фунти.

To reinforce its watch DNA…

За прв пат, TAG Heuer развива три дигитални стрелки (познати како watch faces) кои се среќаваат кај препознатливиот дизајн на Carrera колекцијата на TAG Heuer со стрелки, индекс, мерачи, датум и тајмер.

Следното ќe биде достапно од датумот за лансирање: хронограф, 3 стрелки и дисплеј за датум достапен во три бои: (црна, сина или бела. Заради тоа што TAG Heuer Connected е часовник пред се, дигиталните стрелки и индекси се видливи во секое време, дури и кога часовникот е во режим на заштеда на енергија.

Наскоро, ќе бидат достапни и други позадини кои ќе може да се прилагодуваат од амбасадорите на TAG Heuer преку апликации што ќе се преземаат од Google Play Store.

Да се направи што поуникатен

TAG Heuer Connected е вистински часовник, како со својот изглед, така и со позадините што се менуваат, организирани благодарение на уникатниот начин на покажување на апликациите.

Принципот е едноставен: Стрелките остануваат, партнерските апликации се покажуваат во трите простори кај 12, 6 и 9 часот, комплетно интегрирани во естетиката на часовникот.

Што ако нешто во прегледот навистина те заинтересира?

Со еден допир на прашалникот се отвора во full screen режим.

Омилени апликации, спортски информации или аларми… Едноставно се користат и ги прават информациите лесни за читање, овозможувајќи му на корисникот да остане фокусиран на најважното, без нарушување на класичниот изглед на часовникот. Апликациите приспособени за TAG Heuer и достапни на екслузивна база ќе бидат, за почеток, Insiders (животен стил), GolfShot Pro (голф), RaceChrono Pro (мото-трки) и Viewrangers (трејлинг), ќе бидат понудени со бесплатни членства. Специјално развиениот Software Development Kit (SDK) ќе дозволи збогатување.

Како дополнување, TAG Heuer додаде класични функции што претставуваат клучен дел од универзумот на часовници: Тајмер, аларм и штоперица, дизајн верен на кодексот на брендот.

Паметен. Но, до која мера?

Живеење, патување, добивање на информации, поврзување… TAG Heuer Connected часовникот е перфектниот партнер. Го спојува најдоброто од двата света, прекрасен TAG Heuer часовник со компјутерска интелигенција.

TAG Heuer во тесна соработка со Intel и Google создаде луксузен часовник, кој поврзува компјутерска интелигенција со швајцарското искуство во производството на часовници. Часовникот е опремен со Intel® Atom™ процесор Z34XX и работи на Android Wear платформата.

Intel ја разви интелигенцијата внатре во часовникот за да се оптимизира ефикасноста и да се овозможат многу опции за поврзување, вклучувајќи аудио стриминг, Bluetooth и Wi-Fi како и додатно овозможување на корисниците да го искористат целиот спектар на производи кои се нудат од страна на Android Wear оперативниот систем.

Со 4 GB меморија и батерија која трае цел ден благодарение на најновата генерација литиумски батерии, TAG Heuer Connected е опремен со мал микрофон за да комуницира преку гласовната контрола на Google и преку дисплеј (сафирен кристал) чувствителен на допир. Целиот е направен од материјал отпорен на вода IP67.

Што ако телефонот не е со тебе?

Никаков проблем. Часовникот ќе продолжи да пресметува, прикажува и разменува податоци, се додека сте поврзани на Wi-Fi ќе остане поврзан со клауд. Нормално, стандардните апликации (музика, тајмер, аларм, бројач на чекори) ќе останат активни дури и кога не е достапна конекција.

Android Wear го отвора часовникот до скоро бескраен универзум, екосистем што се збогатува деноноќно: илјадници Android апликации се веќе достапни за корисникот на TAG Heuer Connected часовникот да ги преземе. Клучните апликации, во моментов користени од милиони се Google Fit, Google Translate, Google Maps и Google Search со Вашиот глас се веќе достапни на часовникот да прикажат информации.

Часовникот може да се синхронизира со телефон што користи Android 4.3+ и iOS 8.2+. Се полни со контактен полнач. Само ставете го часовникот врз него да се наполни.

Часовникот исто така доаѓа со гаранција од две години, како другите TAG Heuer часовници.

Поврзан часовник може да претставува и безвременски подарок

Конечно секој што ќе купи TAG Heuer Connected часовник ќе ја има можноста да го замени за механички швајцарски часовник. На крајот од гаранцијата од две години, клиентите можат да одат до продавница на TAG Heuer и да го замени TAG Heuer Connected часовникот за механички швајцарски Carrera часовник. Со сличен дизајн, изработен од титаниум (2) овој механички часовник беше ексклузивно развиен и резервиран за корисниците на поврзани часовници. Цената е одредена на 1500 долари, 1350 евра, 1400 швајцарски франци или 1100 британски фунти.

За надополнување на искуството, онлајн платформа што ги собира сите корисници заедно

Посветената онлајн платформа dedicated online platformtagheuerconnected.com has been created to share the latest new features and obtain the partner applications available for the interactive counters watch faces. The TAG Heuer Connected watch is available for sale right now from the site tagheuer.com and in more than 100 TAG Heuer boutiques and 150 carefully selected retailers across the world. The list of points of sale can be viewed attagheuerconnected.com