Tоталитарниот режим може да се урне само со широк опозициски фронт, а не со делење и множење на опозицијата!

0
1190

Искуството на повеќе земји во кои вледеа тоталитарни режими покажува дека тие можат да се урнат само со обединување на сите опозициски партии во широк опозициски фронт, а не со делење и/ли можење на опозицијата. Десничарската корумпирана влада на ХДЗ беше урната со обединуавњето на хрватските опозициски партии во коалицискиот фронт КУКУРИКУ коалиција. Српскиот вожд С. Милошевиќ беше урнат со обединувањето на сите опозициски партии во коалицијата ОТПОР.

gruevski9-540x296

Левицата во Уругвај ја победи десницата со формирањето на ШИРОКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ФРОНТ предводен од старите левичари Хозе (Пепе) Мухика и Табаре Васкез. На ова листа можат да се наведат и многу други земји со слични искуства.

Авторитарниот криминализиран и корумпиран режим во Македонија, кој владее во и со Македонија од 2006 година,  успеа од една релативно успешна држава, која цврсто чекореше кон НАТО и ЕУ, да направи фантомска држава која е резил и служи за потсмев во демократскиот свет, така што меѓународната заедница е принудена да се ангажира Македонија да ја врати во состојба на нормална држава. Меѓутоа, дали оваа мисија на меѓународната заедница ќе успее или не, во голема мера ќе зависи од тоа дали опозицијата ќе најде сили и мудрост за заеднички настап на претстојните предвремени избори, кои треба да се одржат на 24.04.2016 година!

На изборите во 2011 година, опозициските партии освоија повеќе гласови од коалицијата на ДПМНЕ, но, поради разединетоста и нереалните амбиции на  суетните лидери на некои (по)мали опозициски партии, опозицијата не успеа да ја освои власта. Однесувањето на лидерите на некои мали партии, кои се декларираат како опозициски, покажува дека овие партии не успеале да извлечат поуки од своите погрешни политики. Мошне индикативно е однесувањето на лидерите на некои политички партии кои долго време беа  коалициски партнери на владејачката ДПМНЕ. На основа на ставовите што ги застапуваат тие, посебно со апелот за обединување на помалите партии во некаков трет политички блок, барањето за промени во изборниот законик со кои Македонија би била една изборна единица и залагањето за електронско гласање за пратениците од дијаспората, покажува дека се работи за фингирано „одметнување“, со цел ослабување на позицијата на вистинската опозиција на претстојните парламентарни избори! Не треба човек да биде многу мудар за да согледа дека „одметниците“, кои повеќе години беа слепи послушници на лидерот на владејачката партија, и натаму играат по неговите ноти! Во тој поглед мошне индикативно е отсуството на каква било критика на политиката на режимот од страна  на „одметниците“, а посебно индикативно е залагањето на лидерката на ДОМ за електронско гласање за пратениците од дијаспората! Во дискусиите што се водат во рамките на договорите од 2 јуни и 15 јули на пратениците од дијаспората им се оспорува легитимитетот, поради тоа што се избрани со мошне мал број гласови. Изненадува тоа што опозицијата приговара само за малиот број гласови со кои се избираат пратениците од дијаспората и инсистира тој број да не биде помал од 8.000 гласа. Убеден сум дека доколку се дозволи електронско гласање на дијаспората, вештите преродбенички манипулатори, во координација со алчните (за пари) претставници на дијаспората (ОМД) и со подршка на МПЦ, пратениците од дијаспората би можеле да добијат неколку пати повеќе од гласовите што ги добиваат „домашните“ пратеници и на тој начин не само што ќе го потврдат својот легитимитет, туку ќе му дадат аргументи на главниот режисер на изборните манипулации за триплирање на бројот на пратениците од дијаспората!

Имајќи предвид дека со изборите во дијаспората се вршат тешки манипулации, опозицијата треба енергично да бара претениците од дијаспората да се бришат од Избирачкиот список!  Авторот на написот дава мошне прецизна анализа на практиката на некои земји во врска со пратениците од дијаспората и укажува дека најголем број земји не дозволуваат гласање на дијаспората. Во врска со пратениците од дијаспората, опозицијата треба упорно да инсистира на укинување на овие пратеници, поради следните причини: пратениците од дијаспората се голем финансиски товар за сиромашните македонски граѓани, овие пратеници во парламентот настапуваат како партиски војници на ДПМНЕ, поточно како роботизирани гласачи за катастрофалната политика на оваа партија, така што не само што не даваат каков било конструктивен придонес за развојот на демократијата, слободите и правата на човекот, слободата на медиумите и останатите цивилизациски вредности, туку со безрезервната подршка на погрешната политика на ДПМНЕ нанесуваат огромни штети на РМ и нејзините граѓани!

Опозицијата би требало да ги обедини сите вистински опозициски партии и невладини организации, кои се залагаат за демократија, за слободи и права на човекот, за слобода на медиумите и за останатите цивилизациски вредности и да не дозволи во своите редови да ги прими фингираните „одметници“ од актуелната владина коалиција! Искуството од изборите во 2011 година треба да биде сериозна опомена за опозицијата да не дозволи уфрлање на лажни опозиционери во својата коалиција!

Коста Стоименовски