Tрендо и Офф.нет – содржина за масовна кретенизација

0
903

Трендо(ленд) и неговата бизарна братија,  скриени позади треш-порталчето „Офф.Нет“, имаат за цел да произведат армија од кретени,  а со тоа да го релативизираат груевизмот и злосторот кој е правен во име на „суверенот“, што значи – во нивно име, за груевистички ќар

raport_0

Работата, што се однесува до „Офф.нет“,  е сосема јасна. Целта е да се произведе што повеќе индиферентни кретени. Кога ќе погледам околу себе, што во реалноста која ме опкружува, што во сајбер-просторот – место на кое „жабуркаат“ Офф-нетовци – гледам дека обуката е успешна. Да бидеме отворени, не работеше само „Офф-нет“ на општа индиферентна кретенизација, за тоа беше задолжена и’ Владината пропаганда. Целиот систем е подложен изминативе десет години кон таа цел. Од градинки до универзитети. Парадоксално, колку и’ да „удираат“ на „Уа комуњари“, без разлика дали се работи за национализмот, племето, груевистите никогаш не излегоа од комунистичкото милје. Вечната униформност, јапи-системот кој е создаден  најпрво во потемкиното село Скопје – држава и институции сфатени како „подржавен капитализам“ (читај, сите напикани  во ДУПОТ на премиерот) – па удолу, до најмрачните паланечки подруми на ужасно осакатената земја, убиена од сиромаштија, релативизатори, преполна со  гомно-јадци и вошкари. Каде се егземпларите на оваа состојба? Ене ги, сите во „Офф.нет“, портал измислен за покварењаштво, дупе-„улизаштво“, бескичмењаштво, кичерај кој, да бидеме искрени –  им носи висок степен на финансиска стабилност.

Груевски на Офф.нет-овци им се обраќа како на луѓе во касарни, како на луѓе кои се во перманентен дрил: немој да  прдите  против нас; кој прди ќе има лоши „карактеристики“; кој прди може да излезе од рамката – излезеш ли од рамката „курвини синовци“ – нема паричиња кои крцкаат!

Но, не би рекол дека болесништвото е само на еден човек. Болесништвото е и во армијата од лудаци кои го поддржуваат изминативе години. Македонската лудница работеше во полна пареа изминатава декада. На таа дијагноза припомош  дадоа сите оние кои се под државна капа, од доминантните медиуми па се до порталите на интернет. Гледаш, читаш, се’ ти е јасно. Трендо & боранија јас не би ги аболирал, тоест, граѓаните позади треш-порталот „Офф.нет“. Како ја добија таа популарност? Во општество кое ги изгубило сите кретериуми, сите вредности, секогаш ќе се залепи на „популарни“ шибицари, релативизатори, кретени и идиоти. Уште на тоа ако се залепи и парица: мх, мх, мх. На среќата и нема крај.

Кој е Трендо? Човек кој во општество на ултра-националисти  му оди добро. Држава пак, која не може да процени што е добро, а што зло, го добивате Бетмен, директно од  шупата кон стратосферата. Држава во која не се спроведува законот, ами се спроведува експлицитно и имплицитно волјата на еден човек – Трендо ви доаѓа какоСамурај. Во држава која има политички затвореници, двеста и повеќе илјади живи луѓе отселени – што е доволен пример дека Македонија во физичка смисла исчезнува – Трендо му доаѓа како „скопски“ Боб Дилан: пресекси сум и за твојата баба, човеку. Гледате, само треба да бидеш Бетмен (глупав прекар на уште поглупав човек), и Трендо (глупав фенси-прекар на уште поглупав човек), и се’ се втопува во поимотнација. А во таков амбиент „орото“  го водат најлошите билмези.

Би рекол дека тоа е последица од немање на личен идентитет, па ако сакате и – интегритет. Македонија не произведе личности, луѓе, кои најпрво ќе бидат возрасни, а потоа и одговорни граѓани. Национализмот на Груевски е дар од Бога за сите пропалици и локални „дромфуљи“. Наместо да се упристоиме, локалните плачипички позади „Офф-нет“  саде рипаат, кокодакаат низ бизарните писанија и уште побизарните таканаречени „писма на читатели“. Шашми во главата, шашми во писанијата, велеше еден умен човек.

На порталот „Офф.нет“ имате категорија за салата, храна и останати мирудии. Салатата на Трендо, ѓезмињата на „Офф.нет“-овци, пичињата  на Бетмен не се ништо друго освен начин на мислење на овдешната груевистичка „елита“. Нашиот министер, да речеме, Никола Поповски, мотивиран од салата на „Офф.нет“, пардон, идеја, му се јавува на Бетмен и Трендо;  двајцата собираат уште по некоја  локална бараба  и уште полокална „дромфуља“ и одат во Дебар маало на бокле ракија; потоа  на мира разговараат за надворешно-политичката состојба во Македонија.  Што мислите, кој дух ќе превладее: духот на Харвард, Кембриџ? Ќе превладее локалниот дух на груевизмот, оној ист дух кој ја пљачкоса и урниса земјава за наредните декади: се’ знаеме, ама доброволно ќе молчиме!

На крајот една лекција од „општа култура“. Трендо и груевизмот се канал за државната идеологија;  канал за релативизација на злосторството. Општата пустош пак, не занимавањето со политика, аполитичноста, се’ е  тоа  државна идеологија. И ова ме потсети на една прекрасна работа. Македонија е лудница, а во таа лудница секој може да биде што сака. Груевски посака да биде тиранин – и хоп! – би тиранин. А, како што е познато, секоја сатрапија има свои кловнови-релативизатори, колку да го намалат впечатокот. Да ги наројувам? Ма не. Јас сум сепак надвор од државната лудница. Ете ви го Трендо & боранија, детскиот писател за возрасни. За оние кои никогаш нема да пораснат и кои секогаш ќе бидат „деца“ на колективитетот.

Извор: Парезија