СВР ОХРИД ПОСТАВИ ПУНКТОВИ ЗА НАДГЛЕДУВАЊЕ НА ШУМСКИ ТЕРЕНИ И ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЕ ПАТРОЛИРА ПОВРЕМЕНО НА КРИТИЧНИТЕ МЕСТА, РАНО СЕ ОТКРИЕНИ И ИЗГАСЕНИ 9 ПОЖАРИ

0
701

СВР Охрид постави полициски пунктови за превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели. Се вршат и чести полициски патроли за преглед на шумските терени, особено на покритичните места.

Навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење.

“Во соработка со Територијалната противпожарна единица, ЦУК, ДЗС, ЈП Национални шуми, Националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, органите на локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, се следат состојбите на подрачјето во врска со пожарите и се преземаат мерки за заштита и навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти, за координирано преземање на натамошни мерки и нивно навремено локализирање” – велат од СВР Охрид.