СТОЛТЕНБЕРГ: НАТО НЕ ПОДДРЖУВА ПРОМЕНА НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ

0
728

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг реагираше попладнево на шпекулациите кои произлегоа од наводните нон-пејпери за прекројување на границите на Западниот Балкан и порача дека овие наводи не помагаат за стабилноста.
Столтенберг изјавата ја даде на прес-конференцијата по средбата со македонскиот претседател, Стево Пендаровски со кого се сретна изутринава.
“Не е до мене да коментирам нешто што не сум го видел или прочитал но секоја шпекулација за промена на граници само ќе донесе повеќе неизвесност и нестабилност во регионот, шпекулациите не се од помош” – изјави шефот на северноатлантската алијанса.
Тој истакна дека стабилноста на Западниот Балкан е од клучна важност за регионот како и за цела Европа и дека НАТО инвестира во безбедноста на регионот и преку своето присуство и преку политиката на отворени врати за нови земји членки.