СТЕВЧО ГРОМОТ НЕСВЕСНО ГО ПОТОПИ ВМРО-ДПМНЕ: НЕКА НЕ ГО ЛАЖАТ НАРОДОТ СО ПОНИШТУВАЊЕ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР БИДЕЈЌИ НЕМИНОВНО ЌЕ СЛЕДАТ САНКЦИИ И ЗА НИВ И ЗА МАКЕДОНИЈА

0
1598

Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски имаше интересно гостување против генералот Стојанче Ангелов во дебатата “Само вистина” на Канал 5.

Според него, ако премиерот Заев имал некаква надеж за почеток на преговори со ЕУ сега, била нереална. Сите ветувања од Запад за надминување на билатералниот спор со Бугарија ги оцени како приказни за мали деца. Тврдеше дека летово, западните политичари ќе не’ избегнуваат, а дури наесен ќе почнат да доаѓаат со нови флоскули за политички “да не’ избањаат”.

Стевчо е убеден дека само САД притискаат искрено за да почнеме преговори со ЕУ. Наспротив нив, сите други западни претставници од ЕУ лицемерно ни глумеле поддршка. САД имаат само еден единствен мотив во нивната стратегија: не сакаат МК да биде лош пример на Балканот со застој во евроинтеграциите бидејќи тоа ќе повлече домино ефект и дополнително ќе ги отежнува разврските во Косово и Република Српска во Босна.

Јакимовски смета дека во Бугарија има општ негаторски став за македонското прашање.  Тие се поголеми националисти и шовинисти од нас. Бугарските социјалдемократи на претседателот Заев но и новата партија на шоуменот Слави Трифонов ги оценува како далеку полоши кон нас доколку бидат дел од новата Влада. Како олеснувачка околност во Бугарија е тоа дека на домашната сцена немаат партија ко ДУИ за лесно да може да им падне Владата.

Јакимовски наведе дека со западната уцена наречена Преспански договор требаше да ги отвориме преговори со ЕУ. Баш тие западни поддржувачи го прелажале македонскиот народот и баш тие што не’ натераа да го потпишеме, го прекршија досега. Како одговорни, ги наведе баш бирократите од ЕУ иако формално ветото е од Бугарија.

Како аргумент за ова, Јакимовски се повикува на изјавата на српскиот екс премиер Ѓинѓиќ кој добил потврда од германскиот екс канцелар Шредер дека ЕУ планирала да се проширува само до границите на поранешна Австроунгарија и дека поради тоа Македонија немала шанси да стане членка на ЕУ. Затоа нивната стратегија е да бидеме само дел од мини-шенген зона, да бидеме прозападно ориентирани за да не можат да не’ доминираат Русија и Кина.

Особено интересна беше неговата констатација во врска со Преспанскиот договор. Рече дека Преспанскиот договор е депониран во ООН иако е нефер кон нас и со огромни надворешни притисоци. Затоа ако некој се дрзне да го поништува, веднаш на Македонија ќе и’ наметнат санкции преку Советот за безбедност на ООН.

Во врска со крвавиот четврток од 27-ми април, Јакимовски побара ново судење, преквалификација на делото и помали казни за виновниците. Рече дека ГРОМ како партија го осудила насилството уште во прв момент и дека никој нема право да тепа и малтретира пратеници, па ниту да врши физичко насилство врз тогашниот опозициски лидер Заев.