ДЕНЕС ПРИСТИГНАА ВАКЦИНИТЕ “СПУТНИК”, СРБИЈА НИ ДОНИРАШЕ 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ

0
673

Дури 20 000 вакцини Спутник В пристигнаа денеска од Србија. Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до соседна Србија, а ова го нарече како голем чин на солидарност.

Според него, со овие два пати по дваесет илјади Спутник вакцини што доаѓаат од Србија, ќе може непречено да продолжи вакцинацијата која почна кај нас вчера.

“Подготвена е салата “Борис Трајковски”, подготвени се вакциналните пунктови во сите градови и продолжуваме со масовна вакцинација” – рече Заев.

Тој испрати порака до сите граѓани да влезат во системот за вакцинација. Потенцира дека тој, како и членовите на Владата се пријавиле преку онлајн системот и го чекаат својот ред.

Уште еднаш повтори дека вакцините се сигурни и безбедни и дека со нив, наскоро ќе ставиме крај на пандемијата од коронавирусот.