СРБИЈА ИСПРАТИ 4 ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА ДА ПОМОГНАТ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ, СПАСОВСКИ: МАТЕРИЈАЛНИТЕ ШТЕТИ ЌЕ ГИ НАДОМЕСТИМЕ, ГЛАВЕН ПРИОРИТЕТ НИ Е БЕЗБЕДНОСТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ МЕСТА

0
687
“Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и 4 хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите 2 хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата” – објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Србија повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко.
“Благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста при известувањето на медиумите, успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола. И понатаму будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници. Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет” – се вели во написот од министерот Спасовски.