ШПАНСКИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ МАРКА ГО ПОСОЧИ ПАНДЕВ КАКО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ИГРАЧИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЕУРО 2020

0
302

Македонскиот капитен и најдобар стрелец за националниот дрес, Горан Пандев е меѓу фудбалерите кои оставија најголем печат во натпреварите од групната фаза на ЕУРО2020 според шпански спортски портал Марка.

“Неговиот тим на дебитантскиот настап можеби беше првата репрезентација која доживеа елиминација на ЕУРО 2020, но Пандев остави белег во голем стил. Со голот што го постигна во поразот од Австрија (3:1) стана вториот највозрасен стрелец со 37 години и 321 денови во историјата на завршните турнири. Пандев исто така го изнуди пеналот што претходеше на голот на Алиоски во поразот од Украина (2:1), а на натпреварот против Холандија (3:0), соиграчиte со шпалир го поздравија неговото збогување со националниот тим. Стави крај на репрезентативната кариера со 122 настапи и 38 постигнати голови” – објави шпанскиот портал за настапите на Пандев на Европското првенство.