СОВЕТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ГИ ПОДДРЖУВА ИМЕНУВАЊАТА НА УЛИЦИТЕ ПО БЛАЖЕ КОНЕСКИ И СЛАВКО ЈАНЕВСКИ

0
245

Советот за македонски јазик (СМЈ) соопшти денеска дека на својата 42. седница одржана на 31 март 2021 година едногласно ја поддржа и ја поздрави иницијативата на Советот на Градот Скопје да именува две улици според имињата на нашите истакнати културни и научни дејци од 20 век: акад. Блаже Конески и акад. Славко Јаневски.