СО ВНИМАТЕЛНОСТ ЗА ДА НЕМА НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА КОРОНАТА, ЦУК: ОД ВЛАДАТА И СОБРАНИЕТО ЌЕ СЕ БАРА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА КРИЗНАТА СОСТОЈБА КАКО МЕРКА ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

0
793

“Владината Група за процена денеска едногласно реши да предложи од Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението” – соопшти ЦУК.

Истовремено, со тој предлог придружно оди и предлогот институциите во Системот за управување со кризи (СУК) да продолжат со активностите согласно за Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CоV-2, што е донесен на Втората седница на Главниот штаб за управување со кризи, од прогласувањето на кризната состојба што се уште трае.