СЛОВЕНИЈА ГО ПРЕЗЕДЕ ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЕУ, ЈАНША: САКАМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ КОНСЕНЗУС ЗА ПРЕГОВОРИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

0
232
EU, Ursula von der Leyen

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша го означи почетокот на словенечкото претседавање со ЕУ во Љубљана, заедно со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Тој се обврза дека Словенија ќе работи на формален старт на преговори со Северна Македонија и Албанија во наредните шест месеци.

Словенечкиот премиер Јанша нагласи дека проширувањето е стратешка цел на Европската Унија и очекува да се постигне согласност помеѓу сите 27 земји-членки на ЕУ за време на претседавањето на Словенија.