СЛОВЕНЦИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ МУ СЕРВИРАА ДЕБАКЛ НА ПРЕМИЕРОТ ЈАНША: ПРОПАДНАА ВЛАДИНИТЕ АМАНДМАНИ ЗА УРБАНО ДИВЕЕЊЕ ПОКРАЈ ВОДИТЕ

0
1000

Словенците со огромно мнозинство ги отфрлија измените на Законот за води според прелиминарните резултати по вчерашниот референдум.

Резултатите покажуваат дека 86,5% од луѓето гласале против амандманите одобрени од Владата на премиерот Јанез Јанша во март, кои се сметаат за закана кон животната средина и квалитетот на водите. Излезноста беше над 45% од 1,7 милиони гласачи.

Во фокусот на спорните измени бешее одредбата со која се дозволуваше градење покрај море, реки и езера. Противниците на измените тврдеа дека новиот закон би бил исклучиво во интерес на приватните инвеститори и би го ограничил пристапот на јавноста до вода и ќе го загрози нејзиниот квалитет.

Прашањето на референдумот гласеше: “Дали сте за усвојување на Законот за изменување и дополнување на Законот за водите, што беше усвоен од Собранието на 30 март 2021 година?”

На референдум потребно беше мнозинството од излезените гласачи треба да гласаат против, под услов да гласаат најмалку 20% од вкупниот број регистрирани гласачи.