СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ СЕ КЛУЧНИ ЗА КРЕДИБИЛИТЕТОТ НА ЕУ НА БАЛКАНОТ, ДИМИТРОВ: ОЧЕКУВАМЕ СЛОВЕНИЈА ДА ПОМОГНЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ

0
200

“Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на Европската Унија на Балканот” – изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму заедно со земјите-членки на Европската Унија.

“Го споменав зборот криза кој етимолошки потекнува од терминот одлучувачки момент. Сметам дека под словенечкото европретседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на Европската унија на Балканот или ќе го загубиме. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да се задржи, а не да се загуби” – изјави вицепремиерот Димитров.

Една од главните теми е и справувањето со коронавирусот.

“Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски, ние сме окружени од земји-членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ” – истакна Димитров.