СКОРО 500 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ СО ДВЕ ДОЗИ, ФИЛИПЧЕ: ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОТВОРИ АРЕНАТА “БОРИС ТРАЈКОВСКИ” ЗА ПОБРЗО ТЕМПО НА ВАКЦИНАЦИЈА

0
227

“Имајќи го предвид притисокот, во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата “Борис Трајковски” зашто дел од вработените во Здравствен дом кои што беа на годишни одмори, ги прекинаа и порано, за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа ќе има околу 20 места каде што ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растовари метежот и редовите коишто ги имаме пред здравствените домови” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Досега вакцинирани се 650 000 граѓани од кои скоро 500 000 примиле две дози.

Во угостителските објекти нема да се влегува со негативен ПЦР тест со цел граѓаните да не се изложуваат на секојдневни трошоци. За сертификатите за вакцинација и можноста за фалсификување, министерот Филипче рече дека контролата е во надлежност на инспекторатите. Од пред неколку дена е потврдено дека нашиот сертификат се признава во Европската Унија. Покрај апликацијата CommonPass, од средината на следната недела европскиот сертификат ќе може да се симне и на нова апликација “Мое здравје”.