СКОПСКИ ВОДОВОД ВОВЕДУВА НОВА МОЖНОСТ ЗА ОНЛАЈН ПЛАЌАЊА НА СМЕТКИТЕ СО СКЕНИРАЊЕ НА QR КОД

0
858

ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги. На фактурите за април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга “инстант плаќање” и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија.

Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку интернет-страницата на ЈП Водовод и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата, поставени на неколку локации низ градот: СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.