СИТУАЦИЈАТА БУДНО СЕ СЛЕДИ СЕКОЈ ДЕН, ФИЛИПЧЕ: ПОПИСОТ И ИЗБОРИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕЗБЕДНИ СО ПРИДРЖУВАЊЕ ДО СТРОГИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОТОКОЛИ

0
981

“Епидемиолошката состојба ќе биде основа за тоа какви мерки ќе има во наредните месеци кога ќе има попис и локални избори, но ако се почитуваат протоколите нема да има проблеми” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

“Ние минатата година дадовме препораки да нема големи митинзи и немаше и тоа што е битно е тоа што сите и политичките партии треба да знаат дека има препораки за тоа како собирите се организираат. И сега има општи препораки за организирање собири или настани на отворено или на затворено, колкав треба да е капацитетот зафатен од вкупниот капацитет на располагање, дистанците кои што треба да се држат и во рамките на одржувањето на настаните, во рамките на протоколите ние не гледаме проблем. Значи проблем има секогаш кога протоколите не се почитуваат” – рече министерот Филипче.

Болниците во другите градови низ државата за разлика од Тетово и Гостивар не се преполни. Тоа е така поради високиот опфат на вакцинација.

“Да, има случаи на заболени со ковид после вакцинација, а претходно кои прележале и се исклучително малку. И тука знаете за оваа болест се’ уште медицината не дала одговори на се’. Веројатно ќе помине подолго време да се види зошто е тоа карактеристика на имуниот одговор, зошто има пациенти коишто имаат лесна форма на болест, некои средна, некои тешка, некои за жал умираат; се лекуваат по истите критериуми како и тие кои што се спасиле, а имале тешка форма на болест и сите овие сценарија коишто ги имаме кај вакцинираните. Значи се’ уште многу аспекти во однос на предизвикувачот во однос на болеста се непознати. Меѓутоа тоа што се знае е дека вакцината сигурно за 20 пати го намалува ризикот од смртен исход. И сега кога гледате во болниците околу 85% се невакцинирани и затоа е повикот, акцентот сега не само кај нас, туку насекаде во светот да се заштитиме со вакцинација” – рече Филипче.