СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ГРАДИНКИТЕ ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ СО ПРИОРИТЕТ, ШАХПАСКА: ГО ЗГОЛЕМУВАМЕ БРОЈОТ НА ДЕЦА ВО ГРУПИТЕ ПОРАДИ ПОДОБРЕНАТА ЕПИДЕМИОЛОШКА СИТУАЦИЈА

0
747

“Вакцинацијата како процес непрекинато се одвива. На почетокот од март, голем дел од вработените се пријавија на нашиот повик за да бидат вклучени во процесот на вакцинација. Но сега дополнително списоците со останатите вработени се испратени во Комисијата за заразни болести и во МЗ. Ние сме во дневна комуникација со нив околу правењето приоритети и важноста колку е значајно останатите вработени во градинките да бидат вакцинирани. Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал, зашто ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција” – рече министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска.

“Испративме нов допис, со оглед на епидемиолошката остојба во државата која е стабилна, да може да се зголеми бројот на деца, секако со почитување на мерките за превенција од инфекција со коронавирусот” – рече министерката Шахпаска