“На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучери за домашен туризам, ќе им бидат врачени во текот на наредната недела и нема да важи условот прв дојден, прв услужен што се применуваше досега” – изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
“Министерството за економија во соработка со Министерството за финансии, пратениците и Собранието обезбеди средства за сите да бидат покриени и вкупно над 4000 ваучери да бидат издадени во текот на наредната недела” – рече министерот Бектеши. Ваучерите за домашен туризам ќе можат да се користат до крајот на годинава.
“Имајќи ги во предвид капацитетите што ги имаат одредени наши региони, веќе се издадени над 1200 ваучери и се користат во моментов. Дополнително, во текот на наредната недела ќе бидат издадени уште околу 3000 ваучери со што вкупната бројка ќе надмине 4.000 ваучери” – рече Бектеши.
Министерството за економија на дневна основа ги следи сите случувања и во континуитет ги помага хотелиерството и угостителството.