ШИРЕЊЕТО ЛАГИ И НЕПРОВЕРЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ ОД СТРАНА НА МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА Е ПОТЦЕНУВАЊЕ НА ОПАСНОСТА И ЗАБЛУДУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА: ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ ВАКВИ СЛУЧАИ ВО ЛЕКАРСКАТА КОМОРА ЗА ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВАТ СО МАНИПУЛАТОРИТЕ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ

0
793

“Објавувањето шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот од страна на медицински работници треба да сопре” – апелира Лекарската комора. По бројните штетни постови на социјалните мрежи и изјави во медиуми од страна на доктори кои го негираат постоењето на коронавирусот или шират дезинформации за вакцинацијата ќе се преземаат конкретни чекори против нив.

На социјалните мрежи постојано циркулираат ставови на доктори, медицински персонал и лица кои се претставуваат како такви, со кои се оспорува пандемијата, и болеста и вакцинацијата.

“Здравствените работници треба да споделуваат ставови кои се базираат на научно докажани факти и да се воздржуваат од промоција и споделување на шпекулации и непроверени сознанија” – велат од Лекарската комора.

Тие повикуваат граѓаните да пријавуваат конкретни случаи кои шират псевдонаука и невистини за ефектите од вакцинацијата, ефектот од почитување на мерките за заштита и опасноста од вирусот.