ШЕСТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ Е НА РАСПОЛАГАЊЕ, БЕКТЕШИ: УГОСТИТЕЛИТЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ДРЖАВНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

0
197

“Веќе се реализираат сите мерки од шестиот пакет, угостителите можat да аплицираат согласно критериумите кои заедно сме ги направиле со коморите” – рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши информираше дека веќе има ново законско решение во делот на заштита на потрошувачите кое во наредниот месец ќе го достават до Владата и до Собранието.

“Веќе ги правиме измените во Законот на заштита на потрошувачите и во делот на безбедноста на производите. Има предвидено таму точни стандарди кои треба да бидат исполнети, но истовремено и во одредени дуќани каде што можат одредени производи да бидат продадени согласно тие стандарди кои ќе бидат усвоени за кратко време” – информираше Бектеши.