СРПСКИОТ ВИРОЛОГ ШЕКЛЕР ТВРДИ: КИНЕСКАТА ВАКЦИНА ПОБАВНО СОЗДАВА ИМУНИТЕТ, НО Е ОТПОРНА НА МУТАЦИИТЕ НА КОРОНАТА

0
1103

Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево, вели дека кинеската вакцина против коронавирусот побавно создава имунитет, но дека, според научниците од Кембриџ и Оксфорд, таа вакцина е најотпорна на мутации на вирусот.

Шеклер рече дека вакцините на кинескиот производител Синофарм ги испитувале американски лаборатории и потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската Спутник В.

“Тоа е класична вакцина, експертите од Кембриџ и Оксфорд велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот” – изјави Шеклер.