СО ПОГОЛЕМА СЛОБОДА НА НАРОДОТ ДО ПРАВДА, ШЕКЕРИНСКА: СЕ ОСЛОБОДИВМЕ ОД РЕЖИМОТ И СЕ ВРАТИ ДЕМОКРАТИЈАТА, ЗАТОА ЗАЕВ НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ КАКО ГРУЕВСКИ

0
786

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, досегашната заменик-претседателка на СДСМ и министерка за одбрана изјави дека била цврсто решена да се повлече од партиското раководство и затоа својата одлука прво ја изнела во изјава за јавноста, а потоа во партијата. Во гостување на Канал 5, Шекеринска како основна причина за своето повлекување го наведе тоа што нејзината партија ги исполнила двете најголеми цели што си ги поставила пред преземањето на власта во 2017 година: рушењето на режимот на Груевски на демократски начин и членството во НАТО.

“Не сакам да се споредуваме со ВМРО-ДПМНЕ , затоа што тоа е неспоредливо. Мислам дека луѓето кои не’ поддржуваат, сакаат промените побрзо да се случуваат, ама се свесни дека е постигнат голем напредок. Демократските влади не се имуни на грешки, ама се коригираат. Нашата политика е многу јасна и потврдена на два изборни циклуси во меѓувреме и свесни сме дека се’ уште има политики за кои треба да сработиме повеќе” – рече Шекеринска.

“Јас го зборувам тоа што го мислам и очекувам сите кои работат со мене, прво да ми го кажат она што боли. Мојата сугестија е дека за сите теми кои болат, мора да се дискутира. Прва задача е СДСМ да не им дава повторно простор на политичките кујни да доминираат. За сите теми кои болат, мора да се дискутира отворено. Ние донесовме ново време во земјава. Нема да дозволиме да се врати тоа време од режимот. Заев никогаш нема да стане како Груевски. Пред четири години обезбедивме слобода, а без слобода, нема правда” – поентира Шекеринска.