ШЕКЕРИНСКА: ОСУДАТА НА НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕ МОРА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД НАШАТА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА

0
796

“Наместо осуда за насилството некој во Македонија бара тоа да се оправда” – изјави денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска осврнувајќи се на вчерашниот протест поддржан од опозицијата на кој се побара ослободување на “уставобранителите”.

“Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се огради од него. На 27 април 2017 година тоа беа главно наши глави, десеттина, 20, 30 луѓе. Ама ако во општеството и во државата се создава клима дека тоа е ОК и удираат аплаузи на такво насилство, утре ќе биде нечија друга глава, не само нашата. Осудата на насилството мора да биде дел од нашата политичка култура, кој и да бил нападнат, повреден и да бил на чекор до смрт” – рече Шекеринска во Криволак за време на посетата на воениот полигон заедно американската амбасадорка Кејт Брнз.