SEXY GOOGLE: ПРЕБАРУВАЧ КОЈ МАЖИТЕ ЌЕ ГО ОБОЖАВААТ

0
2658

Доколку обичниот Google ви стана досаден и сакате сурфањето на интернет да го направите забавно, ви предложуваме да ја испробате страницата sexygoogle.com, на чија почетна страна, наместо бела позадина, секогаш се наоѓа фотографија од некоја секси девојка.

Како што беше напишано во соопштението, страницата “sexygoogle.com” е “угледна страница која ја почитува и слави убавината на жената”.

Замислете да секој пат кога ќе го отворите пребарувачот на Google да гледате прекрасна млада девојка која ве води на пребарувачки излет на Google. Кој би рекол дека пребарувањето може да биде толку забавно? – е една од пораките на sexygoogle.com.

Секако, се појавија и негативни коментари на социјалните мрежи.

Секако, треба да се додаде дека Sexy Google ќе ја користи платформата на Google, па резултатите од пребарувањето ќе бидат исти без разлика кој пребарувач го користите. Исто така, треба да се напомене дека Google на ниту еден начин не го поддржа овој проект.