СЕ ЗГОЛЕМУВА ДИПЛОМАТСКИОТ ПРЕСТИЖ НА БАЛКАНОТ, ЕДИ РАМА: АЛБАНИЈА СТАНА ПРИВРЕМЕНА ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ООН

0
817

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека неговата земја е избрана за привремена членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.

“Добра вест. Со 175 гласови од 117 потребни, Албанија штотуку е избрана за членка на Советот за безбедност на ООН за 2022-2023 година” – напиша Рама.

Евроамбасадорот во Тирана, Луиџи Сореца преку објава на социјалните мрежи оцени дека ова е историски ден за Албанија.

“Историски ден за Албанија и нејзиниот народ. Честитки за изборот за член на Советот за безбедност на Обединетите нации 2022-2023! Со нетрпение очекуваме да работиме уште поблиску заедно во решавањето на глобалните проблеми” – напиша Сореца.

Честиташе и американската амбасадорка Јури Ким: “Историјата се случи. Честитки за Албанија, за прв пат избрана во Советот за безбедност на Обединетите нации. САД очекуваат поблиска соработка со Албанија во регионот и светот. Честитки!”