СЕ ЗАСИЛУВА ДИПЛОМАТСКИОТ ПРИТИСОК ОД САД КОН БУГАРИЈА, ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР БЛИНКЕН-РАДЕВ: ДА СЕ ЗАБРЗААТ ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИТЕ ПРОЦЕСИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1110

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со бугарскиот претседател Румен Радев за неколку теми, меѓу кои и за европските перспективи на Северна Македонија и Албанија и за бугарското вето.

Од кабинетот на Радев изјавија дека американскиот државен секретар Блинкен изразил очекувања за забрзување на процесот на евроинтеграција за Северна Македонија и дека тоа е во интерес на стабилноста и безбедноста не само во регионот, туку и во Европа.

Од Стејт департментот изјавија дека секретарот Блинкен и претседателот Радев ја истакнале важноста на трансатлантскиот сојуз, стратешкото партнерство САД-Бугарија и соработката под раководство на Бугарија на Иницијативата Три мориња. Секретарот и претседателот разговарале и за заедничките интереси во врска со владеењето на правото, Западен Балкан и диверзификацијата на енергијата.

Во телефонскиот разговор една од важните теми била и санкциите на САД против бугарски лица и компании поврзани со корупција. Тоа се смета за придонес на САД во борбата против корупцијата, за зајакнување на демократијата и за унапредување на потенцијалот на бугарската економија.