СЕ ТОПИ ПОДДРШКАТА ЗА ВЛАДАТА НА ЈАНША ВО СЛОВЕНИЈА ЗА ГОДИНА И ПОЛ: 63.9% СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА НА НЕГОВАТА ВЛАДА

0
990

Поддршката за Владата од премиерот Јанез Јанша падна на 27,5%, најниско ниво на доверба од почетокот на нејзиниот мандат во март минатата година. Августовската анкета покажува дека 63,9% од испитаниците не ја поддржуваат актуелната влада и 8,6% не одговориле.

Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша во моментов би освоила најмногу гласови на евентуални предвремени избори, но нејзината поддршка опаѓа. Поддршката за СДС на Јанша се проценува на 16,1%, а минатиот месец беше 18%.

Демохристијанската Нова Словенија (НСИ), која е партнер на Јанша во владеачката коалиција, би добила 5,6%, а имала поддршка од 4,2% во јули. Партијата на модерниот центар (СМС) би добила само 0,5%.

На опозициските Социјалдемократи (СД) за еден месец им опадна поддршката од 11,7% на 11,1%, а Левица (Л) ја зголеми поддршката на гласачите од 8% на 8,8%.

Листата Маријан Шарец забележа пад на поддршката. Пред еден месец за неа би гласале 7,9%, а во август 5,6%.

Партијата на Аленка Братушек (САБ) е во пораст и за неа би гласале 4,1%.

Се проценува дека 23,3% од гласачите не се одлучиле за кого би гласале.