СЕ РАБОТИ ИНТЕНЗИВНО ЗА ДЕБЛОКАДА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИСКИОТ ПАТ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БУЈАР ОСМАНИ: ЗАСИЛЕНАТА ДИПЛОМАТСКА АКТИВНОСТ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕУ ТРЕБА ДА НИ ПОМОГНЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ

0
131

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференција изјави дека во последно време се одвива засилена дипломатска ангажираност на сите земји-членки на ЕУ за да биде надминат спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и да се почнат преговорите за членство.

“Гледаме невобичаена ангажираност на сите земји членки. Го слушнавме ставот на претседателот Макрон и на другите челници. Прашањето за овој регион се сведува на Северна Македонија. Ако на ова перфектно досие не се одговори позитивно, навистина остава сомнеж колку ЕУ сака интеграција на земјите од Западен Балкан. Земјите се согласуваат дека нашата приказна станува модел за прогрес на земјите од овој регион, но остануваат разликите со Бугарија. Јас не можам да кажам каков ќе биде исходот сега на 22-ри јуни, но се обидуваме да биде организирана првата меѓувладина конференција” – рече Османи.