СДСМ ОЧЕКУВА КОНСТРУКТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ: ПОКРАЈ БУЏЕТОТ, ТРЕБА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ПОВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА, НЕДЕЛА ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН, ЗАКОН ЗА ОТПИС НА ДОЛГОВИ ПОРАДИ КАМАТИ И ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 4700 НАСТАВНИЦИ ВО РЕДОВЕН РАБОТЕН ОДНОС

0
433

“СДСМ очекува конструктивност од страна на опозицијата, низ аргументирана дебата, без блокади и опструкции со цел да се донесе Буџетот” – рече пратеничката Марија Георгиевска откако почна расправата за Предлог-буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

“Со одговорно финансирање очекуваме 2022-ра да биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции. Фокусиран на интересот на народот, буџетот за 2022 има четири основни цели: зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатлантските интеграции” – рече Георгиевска.

Покрај Буџетот пред пратениците претстои многу работа во делот на донесувањето на законите кои се во интерес на граѓаните и државата. Некои од најважните закони се: минимална плата од 18 000 денари, недела за неработен ден, отпис на каматите поради долгови, Законот за служба во Армијата и законските измени за трајно вработување на 4700 наставници во основните и средни училишта.