СДСМ ОБЈАВИ ПОВИК ЗА САМОКАНДИДИРАЊЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
1075

“Oд денеска е отворен и јавен повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и на Град Скопје за претстојните локални избори” – изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ. Повикот со сите детали е достапен на вебстраната на СДСМ, а од утре ќе биде објавен и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.

“Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ” – рече Попов.

Секој кандидат треба да достави и детална програма со предлог-идеи и проекти за развој на општината за која што се кандидира.