СДСМ ЌЕ ИМА СВОИ КАНДИДАТИ НО И ЌЕ ГИ ПОДДРЖУВА КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ, ЗАЕВ: ВЛАДЕАЧКАТА КОАЛИЦИЈА НА ЦЕНТРАЛНО НИВО ЌЕ СЕ ПОДДРЖУВА МЕЃУСЕБНО И НА ЛОКАЛНО НИВО

0
835

Премиерот Зоран Заев веќе имал одвоени средби и со Мендух Тачи и со Билал Касами за претстојните локални избори, а до крајот на оваа недела треба да се сретне и со Али Ахмети. Според Заев, коалициското поддржување е логично и најверојатно 50% таков ќе биде пристапот во првиот круг од изборите, додека 25-30% ќе биде коалициско настапувањето во вториот круг.

Премиерот Заев смета дека е најдобро секој да излезе со свој кандидат во првиот круг, а потоа да се поддржи оној од коалицијата што ќе влезе во вториот круг.

“СДСМ во Тетово на локалните избори ќе го поддржи СДСМ. Таму има три коалициски партнери кои настапуваат со свои кандидати. Нашето општинско раководство вели дека треба и ние да настапиме со свој кандидат. Нашите анкети покажуваат дека сме во првите три партии на локално ниво во Тетово. Правиме анкети во Тетово на неколку кандидати кои поднесоа кандидатури” – изјави Заев.