СДСМ ЌЕ ДАДЕ ПОДДРШКА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, КОСТАДИНОВ: ТЕЗИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО ПАЃААТ ВО ВОДА

0
736

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за резолуција во Собранието во врска со преговорите со Бугарија прво беше дочекана со критики од СДСМ но денес владејачката партија изјави дека ќе го поддржи документот заедно со помалите партии ДОМ, ЛДП и ДС.

“Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многу пати досега потврдувани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е, каква што всушност и ја видовме од медиумите. Официјален предлог до нас како пратеници нема” – изјави портпаролот и пратеник Костадинов.

ВМРО–ДПМНЕ треба официјално да ја испрати резолуцијата до секој пратеник.

Според него, избиваат на површина сите лаги што ги пласираа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во однос на национално предавство, во однос на загрозувањето на нашиот македонски јазик и идентитет. Ова е затворена тема и треба да им биде јасно на сите.