САНКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ЗАЈАКНАТИ ЗА ДА СЕ ОДВРАТАТ СИЛИТЕ НА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА, БЛИНКЕН: КОРУПЦИЈАТА ЈА СМЕТАМЕ ЗА ШТЕТНА КОН НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА И НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ НА САД И НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ

0
920

“САД се посветени на осигурувањето на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, овозможувајќи им на земјите од регионот да го исполнат нивниот потенцијал како слободни и просперитетни демократии. Ние исто така сме посветени на борба против корупција и демонстрирање на предностите на транспарентно и одговорно владеење. САД препознава дека корупцијата ги загрозува економската еднаквост, глобалните напори за развој и борба против сиромаштијата, како и самата демократија. Корупцијата каде било директно им наштетува на надворешната политика, националната безбедност и економското здравје на САД и нашите партнери и сојузници. Затоа сме посветени на промоција на одговорност и борба против неказнивоста за оние кои се вклучени во значителна корупција на Западен Балкан и ширум светот” – изјави Блинкен во соопштение.

За додавањето лица кои работат и против Договорот од Преспа во режимот на санкции на САД, Блинкен рече дека станува збор за надградување на извршните наредби од претходниците на Бајден.