САЊА ЛУКАРЕВСКА ИЗБРАНА ЗА ЗАМЕНИЧКА НА ЗАЕВ, НА МЕСТОТО НА ШЕКЕРИНСКА

0
265

Делегатите на Конгресот на СДСМ со големо мнозинство го потврдија предлогот на партискиот лидер Зоран Заев за негова заменичка да биде избрана Сања Лукаревска. Таа е втората заменик-претседателка на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата.

Со 682 гласа “за” и 2 “против”, Конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Избрана е Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.