САМО ГОСПОД НА ПОМОШ БИДЕЈЌИ НИКОЈ ПРАВНО НЕ ГИ ЕСАПИ, БЕТМЕН: СО ДАМОВСКИ ПРЕД СОБОРЕН ХРАМ, ОДБЕЛЕЖАВМЕ 4 ГОДИНИ ОД ПОДНЕСУВАЊЕТО ПРЕТСТАВКА ПРЕД УСТАВНИОТ СУД ПРОТИВ ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ВО СОБРАНИЕ

0
1130

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа гостуваше еден од формалните водачи на контрашките вмровски протести “За заедничка Македонија, Богдан Бетмен Илиевски.
Се пожали јавно дека на 17-ти мај пред Соборен храм, заедно со Борис Дамовски одбележаа 4 години од нивната претставка пред Уставниот суд и нејзиното останување во фиока а во врска со наводно нелегалниот избор на Талат Џафери за собраниски спикер на крвавиот четврток.
Бетмен тврдеше дека во нивната претставка укажуваат на 30 повреди на Уставот, Деловникот и законите а главната основа била недоволниот број пратеници за гласање, од кои некои кревале и по две раце за да се бројат како гласови. Тој инсинуираше дека сите судови и обвинителството под водство на Рускоска се под команда на премиерот Заев и затоа се заглавени во правните лавиринти. За споредба и релативизација, беше наведено дека случајот на акционери од Стопанска Банка поминал на Апелација од каде го вратиле на повторено судење само за два месеци. Потоа ја спомнаа и Катица Јанева која е во домашен притвор и за неа нема понатамошни одлуки.
Бетмен со пркос рече дека се борел против судството на Заев иако поминал 3 месеци во ефективен притвор и 10 месеци во домашен пред да го ослободат. Смета дека неговата мака е премала од досега одлежаните затворски казни на т.н. уставобранители на ДПМНЕ. Обвини дека и за неговата казна се правеле политички калкулации во однос на референдумот за Преспанскиот договор иако тој реално е ситна риба и по сила на околностите се провлече релативно негребнат.