РУСКИ НАУЧНИЦИ ЈА МОДИФИКУВАА ВАКЦИНАТА СПУТНИК В ЗА ПОЛЕСНО ДА СЕ СПРАВАТ СО ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА

0
843

Руските научници развија нова верзија на вакцината против коронавирус наречена Спутник В за да биде поефикасна против делта варијантата.

“Вакцината што ја модификувавме веќе е во фрижидер” – изјави Александар Гинзбург, директор на Институтот Гамалеја. Но сепак е прерано да се оцени нејзината ефикасност. И други произведувачи на вакцини во светот веќе работат на измени на своите вакцини.

Директорот на институтот, Гинзбург се залага за употреба на Спутник лајт, како бустер вакцина за оние кои веќе примиле две дози од Фајзер.

Досега во Русија се вакцинирани 41,5 милиони луѓе или 28,4% од населението, од кои 33,5 милиони два пати т.е. 22,9% се целосно вакцинирани.