РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ И ПОПИШУВАЧИ Е ДО 25-ТИ АВГУСТ: ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ БИДЕ ОДРЕДЕН ДАТУМ ЗА НИВНА СЕЛЕКЦИЈА

0
212

Сите заинтересирани кандидати за реонски инструктори и попишувачи можат да се пријават со пополнување онлајн формулар на www.stat.gov.mk и popis2021.stat.gov.mk до 25-ти август.

Тестирањето на досега пријавените кандидати се спроведе на 19-20 август, а за сите пријавени кандидати во периодот до 25 август, ќе биде организирано дополнително тестирање.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони. Дополнителни информации поврзани со тестирањето се достапни на линкот: https://popis2021.stat.gov.mk/PopisniReoni.aspx