РОКОТ Е ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДЕФЕКТОТ: ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО ФАБРИКАТА ПЕЈПЕР МИЛ ВО КОЧАНИ УТВРДИ ДЕКА ДЕЛ ОД ФИЛТРИТЕ СЕ ОШТЕТЕНИ

0
747

Државниот инспекторат за животна средина спроведе вонреден инспекциски надзор во кочанската фабрика Пејпер Мил за да утврдат причините за видлив чад и повремен мирис од согорувањето на пелети од котелот, на што се жалеа граѓаните во близина на фабриката.

Во текот на надзорот се извршија и мерења на емисиите на прашина и штетни гасови од страна на акредитирана лабораторија. Со надзорот се утврди дека при вградувањето на новата опрема за автоматизација на системот за пречистување и одведување на отпадните гасови, се оштетени делови од вреќастиот филтер.

Пред да се влошат состојбите, лабораторијата утврди дека емисиите на прашина со помош на вреќастиот филтер, се во обем од 8 mg/m3. Инспекторатот даде рок од еден месец за доведување на емисиите во рамките на овие вредности.