РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ОДЛУЧИ КРАЈНАТА ЦЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА ДА СЕ СТАБИЛИЗИРА СО ДДВ ОД 5%

0
763

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе се намалат, со измените на Законот со кој што ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18% на 5%.

Регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност и снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач.

“Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и досега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВ-то за електрична енергија” – изјави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулира Комисијата, одобрени се 6 денари.

РКЕ нема влијание на останатите елементи во крајната цена, како што се увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоум, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%.

“Намалувањето на ДДВ-то е добро решение, но неопходен е системски одговор, да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија” – изјави Бислимовски.