РЕЖИМСКИТЕ НАВИКИ НЕ СЕ МЕНУВААТ, ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРНО СЕ МЕША ВО РАБОТАТА НА СУДСТВОТО: БАРА ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ СУДИЈА ПОРОТНИК ОД СЛУЧАЈОТ ТАЛИР ЗА ДА СЕ ОДЛОЖИ НОСЕЊЕТО НА ПРЕСУДА

0
137

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешното судење за случајот Талир, каде што тој е претставник на обвинетата ВМРО-ДПМНЕ, побара да му прекине мандатот на судијата-поротник Митко Сандев, бидејќи има наполнето 60 години. Истовремено, Арсовски тврди дека судијата-поротник е член на партија и поради тоа треба да биде изземен. Доколку Судскиот совет донесе таква одлука, судењето треба да почне отпочеток.

Судењето за Талир за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за перење пари почна во јануари 2019 година и рочиштата постојано се одложуваат. Обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и уште две физички и едно правно лице, партијата ВМРО-ДПМНЕ.

За овој судија поротник зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред два дена, кога кажа дека преку него се држат замрзнати ресурсите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори.