РЕК БИТОЛА И МАКПЕТРОЛ ДОСТАВУВААТ ГОРИВО ЗА ХЕЛИКОПТЕРИТЕ ВО БЕРОВО, ШЕКЕРИНСКА: АРМИЈАТА ВЛОЖУВА НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ НА НЕПРИСТАПЕН ТЕРЕН

0
988

Армијата добива теренска поддршка во снабдување со гориво од РЕК Битола и АД Макпетрол и така значително се зголеми ефикасноста и брзината на делување на сите хеликоптери вклучени во гаснењето на пожарите во беровско-делчевскиот крај.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ги посети припадниците на Армијата и им се заблагодари како и на колегите од Србија и Словенија за натчовечките напори што ги даваат за гасење на пожарите.

“Денеска уште не е ни пладне, а нашите воздухоплови, нашите пилоти и техничари, веќе 5 часа се во воздух и неколку пати асистираат во справување со најтешките пожари на целосно недостапен терен. Тука, во делот на општина Берово имаме импровизиран хелиодром каде што слетуваат хеликоптерите, полнат гориво, успеваат во близина да обезбедат вода од акумулациите и веднаш можат да се вратат на терен. Тоа многу го скрати и ќе го крати времето за интервенција и им овозможува на сите овие хеликоптери да реагираат по неколку пати без да се враќаат назад во Петровец” – изјави министерката Шекеринска.