РЕФОРМИТЕ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ТРЕБА ДА БИДАТ ПОДДРЖАНИ И ОД СОБРАНИЕТО ВО СЕПТЕМВРИ, ЗАЕВ: ЈА НАМАЛУВАМЕ ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ИДНИТЕ ВРАБОТУВАЊА ЌЕ БИДАТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛИЗАЦИЈА И ДЕПАРТИЗАЦИЈА

0
750

“Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација. Денес може да се каже и дека е направен сериозен исчекор кон департизација на администрацијата. Но реформите за ефикасна, ефектна и професионална јавна администрација мора да ги поддржи и Собранието” -рече премиерот Заев на пратенички прашања.

“Вработувањата во последниов период се заради пополнување на испразнетите места, пензионирања и заминувања на некои граѓани во приватниот сектор. Овие позиции поради короната не можеа да се пополнат затоа што финансиите од буџетот беа насочени пред се’ кон поддршка на економијата и здравството” – изјави Заев.

“Реформите во јавната админisтрација треба да бидат поддржани од Парламентот, посебно законите кои во септември ќе бидат на дневен ред. Тие се изработени од експерти, зборуваат и со опозицијата и ќе ги почнат сите разговори паралелно со владеачките партии со цел реформата да ја поминеме заедно. Верувам дека можеме да успееме во тоа. Транспарентноста е најголем сојузник во департизацијата на администрацијата и нејзината професионализација, а со новите законски решенија верувам дека ќе го унапредиме процесот кој сите тежнееме” – истакна Заев.

Од 165 000 вработени во администрација во 2017 година, денес е намалена на 132 000.

“Бројката продолжува да се намалува и тоа го потврдуваат официјалните бројки. Најмногу е застапена во јавните претпријатија на локално и државно ниво. Но државата треба да продолжи со нејзина рационализација. Последната 1,5 година поради ковид-мерките, парите беа насочени за економијата и болните од корона. Точно 1,5 година немаше соодветно пополнување на испразнетите места за кои администрацијата имаше потреба, едни одат во пензија, други заминуваат во приватниот сектор” – рече премиерот Заев.

Граѓаните поради повисоките плати, се’ почесто се одлучуваат за приватниот сектор и тоа е добар тренд. Конкурсите во јавната администрација се со заострени критериуми, што повторно е во насока на што поголема професионалност и ефикасност.