РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ, БЕСИМИ: ОЧЕКУВАМЕ РАСТ НА БДП ОД 4,1% И РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ОД 2,1%

0
588

Министерот за финансии, Фатмир Бесими рече дека за инфлацијата, Владата останува на проекциите дадени во ребалансот.

“Тоа се раст од 4,1% за БДП и 2,1% за инфлацијата, што пред сè се должи на раст на очекувањата на инфлацијата во втората половина од годината, која потоа се очекува да се намали и тоа главно се однесува на цените на дериватите на светско ниво, транспортните трошоци и прехранбените производи. Тоа е во рамки на проекциите и тие се ставени во предлог-ребалансот на буџетот и остануваме на тие проекции” – истакна министерот Бесими по потпишувањето на договорот со ЕИБ за кредитна линија од 100 милиони евра.