REALME C55 СО КАПСУЛАТА КАКО DYNAMIC ISLAND ПРИСТИГНУВА НА 22 МАРТ

0
431
Компанијата Realme за 22 март ја најави премиерата на својот нов модел од средната класа Realme C55, кој носи нови можности во својата ценовна класа.

Realme ги потврди плановите за лансирање на новиот уред Realme C55 на 22 март. Realme претходно официјално најави стратешки надградби на серијата C, а сега пристигнува првиот надграден модел C55 со нови функции, први во овој сегмент.

Френсис Вонг, извршен директор на Realme во Европа, рече: „Realme ја позиционира својата надградена C серија како „шампион во сегментот“, со цел да испорача водечки карактеристики што ги надминуваат очекувањата и да ги демократизира карактеристиките на водечкиот модел, се со цел да го подобри корисничко искуство”.

Realme C55 ја донесува првата камера од 64 MP во овој сегмент и е првиот производ од C серијата што го има водечкиот сензор со големина на пиксели од 0,7 μm што го видовме кај Realme GT Master моделот.

Realme C55 има до 16 GB динамична RAM меморија и до 256 GB интерна меморија, што е најголем простор за складирање во сегментот досега и обезбедува одлично корисничко искуство. Со цел корисниците да имаат побезбедно и постабилно искуство, Realme C55 е првиот модел во C серијата со оперативен систем Android 13 и кориснички интерфејс Realme UI 4.0.

Покрај тоа, Realme потврди дека C55 ќе стане неговиот прв производ што ќе поседува „Мини капсула“, која може паметно да се прилагоди на екранот и да се смести околу исечокот на предната камера. Секако, повеќе изненадувања ќе пристигнат при лансирањето на Realme C55.

Извор : Конект.МК