РАСТЕ ПОДДРШКАТА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕП, Тања Фајон: Неодговорен чин е ветото од Бугарија

0
1116

Во Европскиот парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив.

Европарламентарката Тања Фајон го нарече неодговорно ветото на Бугарија за Македонија, оценувајќи дека нејзините барања се еднострани и немаат ништо заедничко со условите за преговори со ЕУ. Таа ѝ порача на Софија дека мора да го повлече бидејќи му се заканува на процесот на проширувањето на сите земји во регионот.

Европратеничката Тинеке Стрик, од групата на Зелените, нагласи дека Северна Македонија направи длабоки и често болни реформи за да дојде до ова и потсети дека останува да се направат напори во многу области како правата на жените, на малцинствата, корупцијата и владеењето на правото, и дека земјата покажала волја за соработка со соседите.

Андреа Шидер од групата на социјалдемократите, исто така оцени дека Скопје заслужува поддршка од целата ЕУ.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, изрази надеж дека сѐ уште е можно тоа да се одржи првата меѓувладина конференција под сегашното португалско претседателство на ЕУ, пред први јули.

Освен бугарските пратениците од центарот и крајно десните партии кои земаа збор, останатите европратеници побараа што побрзо да отпочнат преговорите со Северна Македонија.