РАСЧИСТУВАЊЕ СО АФЕРАТА ЗА ЛАЖНИТЕ ПАСОШИ: ДОСУДЕНИ 4 ЗАТВОРСКИ И ЕДНА УСЛОВНА КАЗНА

0
681

Судењето на петтемина обвинети кои го признаа делото за фалсификувањето на пасошите почна и заврши во еден ден со четири затворски казни и една условна. Посредникот Раиф Мифтари кој се товари за поттикнување, доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 години и 7 месеци, 2 години и 3 месеци, 2 години. Условната казна е за еден вработен во МВР и таа изнесува 6 месеци затвор, кои нема да се извршат ако во рок од 2 години тој не направи ново кривично дело. Максималната затворска казна што им се закануваше беше 3 години затвор. Покрај казните, вработените во МВР добија и забрана за вршење на професијата во наредните 10 години.

Една обвинета не присуствуваше на судењето поради здравствени причини, но и таа преку својот адвокат соопшти дека ќе признае вина.

Издавањето на фалсификувани пасоши дури и за лица кои се бараат со меѓународни потерници и се дел од регионалното подземје ја стресе македонската политика и го намали угледот на државата.