Range Rover Sport на далечинско управување

0
337

Jaguar Land Rover го претстави прототипот на Range Rover Sport кој има далечинско управување. Тоа значи дека луксузниот теренец ќе може да се управува дури и кога возачот не е во кабината и тоа со помош на апликацијата која преку смартфонот го контролира управувањето, педалот за гас и сопирачката.

kola-na-dal2

Од компанијата велат дека оваа технологија ќе им овозможи на сопствениците да маневрираат со својот автомобил во предизвикувачки ситуации на безбеден начин или пак така да совладуваат тешки офроуд терени.

kola-na-dal

Возачот преку мобилниот ќе може да го паркира својот Range Rover или пак да го извади од паркингот, ако некое друго возило е премногу блиску и ги блокирало вратите.

ola-na-dal-3

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=QjJ2wKCMq5w[/youtube]