РАБОТАТА НА ПОШТАТА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА, МАКРАДУЛИ: ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ СИТЕ ФИНАНСИСКИ УСЛУГИ НА ШАЛТЕРИТЕ НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА

0
230

“Сите финансиски услуги ќе можат да се извршуваат на сите 300 шалтерите на Пошта низ целата држава до крајот на месецов” – изјави генералниот директор на АД “Пошта на Северна Македонија”, Јани Макрадули.

“Утринава имавме завршни разговори со банката која ги врши услугите и до крајот на месецов ќе бидат достапни сите услуги за граѓаните. Имаме 40-тина услуги кои се во рамките на договорот што е потпишан со Халк банка, вклучувајќи и пензии до дома” – рече директорот Макрадули по работна посета на Поштата ЕПМ 1013 во Шуто Оризари.