ПРВИТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ОД АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА СЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО СКОПЈЕ, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ОРГАНИЗИРАМЕ ПРЕВОЗ НА СЛЕДНИТЕ ТРИ ПАЦИЕНТИ ВО ПОНЕДЕЛНИК

0
791

“Двајца од вкупно 7-те пациенти кои беа хоспитализирани во болницата Пирогов, ги очекуваме да пристигнат од Бугарија. Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа во овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места” – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат, ќе бидат хоспитализирани и после ќе се направат проценки пред да се испишат за натамошен домашен третман.
“Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето” – рече Филипче.

Следните тројца други пациенти треба да бидат донесени во понеделник.